Поведена постапка против 38 непочитувачи на полицискиот час во Скопје

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Обвинетите се товарат дека не постапиле согласно одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на државата.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд во Скопје денеска поднесе 24 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 38 лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија” од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетите се товарат дека не постапиле согласно одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на државата, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.

Обвинителството за сите обвинети предложило парични казни по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот