Потврдена победата на Ферстапен

EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен останува победник на трката за Големата награда на Австрија. Стјуардите на трката одлучија дека Ферстапен не ги прекршил правилата во 69. круг кога го претекна дотогашниот лидер на трката, Шарл Леклер од Ферари и го презеде водството.

Само три часа по завршувањето на трката, откако детално беа прегледни сите снимки  од инцидентот, на крајот беше донесена одлука дека Ферстапен го минал Леклер согласно правилата, и му ја остави победата на возачот на Ред Бул.

Ферстапен остана победник на трката во Австрија, Леклер ќе мора да се задоволи со второто место, а третата позиција му припадна на Валтери Ботас од Мерцедес.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот