Потрага со трагичен крај: Телото на исчезнатиот млад гостиварец извлечено од Вардар кај Јурумлери

Телото на 25-годишниот гостиварец кој исчезна пред 17 дена, утрово било забележано и извлечено од реката Вардар кај скопското село Јурумлери, соопшти полицијата.

„Денеска (27.04.2023) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во с.Јурумлери, скопско, било забележано тело на машко лице. По преземени мерки телото било извадено и било утврдено дека станува за збор за А.И.(25) од Гостивар, кој на 10.04.2023 бил пријавен за исчезнат“, соопшти МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот