Потпишано барањето за влез на Шведска во НАТО

Шведска знаме/ Фото Alexander Demianchuk / TASS / Profimedia

Шефицата на шведската дипломатија, Ан Линде денеска го потпиша барањето за влез во НАТО. Бидејќи руската инвазија на Украина предизвикува радикален развој на европската безбедност и геополитика, оваа акција го означува формалниот чекор на Стокхолм кон приклучување во воениот сојуз предводен од САД, ставајќи крај на децениската воена неутралност.

Шведската министерка за надворешни работи изјави дека „чувството е многу добро и многу сериозно”.

– Се чини дека дојдовме до заклучок што е најдобро за Шведска. Не знаеме колку време ќе потрае, но сметаме дека може да потрае и до една година. Сега, оваа недела, апликацијата ќе биде поднесена, заедно со Финска, а потоа треба да ја процесира НАТО, додаде Линде.

Ан Линде го потпиша барањето на Шведска за влез во НАТО/ Фото HENRIK MONTGOMERY / AFP / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот