Потпишан е договор со фондот „Еуримаж“ за копродукциска поддршка на телевизиски серии во земјава
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на 18 декември го потпиша Договорот за учество во пилот-програмата за копродукција на сериска телевизиска програма на „Еуримаж“ преку проектот „Поддршка на програмата за телевизиски серии“.
Препорачано
– Со задоволство објавувам дека го потпишав договорот со „Еуримаж“ во вредност од 9 милиони денари годишен депозит за 2024 и за 2025 година. Овие средства доаѓаат од буџетот на Министерството за култура и туризам и ќе бидат наменети за учество во програмата за финансирање ТВ-серии – истакнува Љутков.
Со потпишувањето на Договорот, македонските продуценти добиваат шанса директно да учествуваат во користењето на средствата од „Еуримаж“ за копродукциски проекти, со што ќе се овозможи широка дистрибуција на сериите и нивно прикажување на медиуми во други држави, а тоа е од особена важност за нашата телевизиска продукција, известија од Министерството за култура и туризам.


