Вдоми, не купувај: Тие имаат очи што велат „Благодарам!“

миленици
Фото: Приватна архива

Луѓето кои вдомуваат улични животни ја имаат најблагородната душа, вдомените животни ги имаат најтоплите очи.

Многу луѓе ја имаат таа посебна љубов го имаат тој емпатиски код да сочувствуваат, да се грижат и да посвојуваат бездомни животни.

Неодамна познатиот актер Том Харди го донесе своето посвоено куче Вуди на презентација на еден од неговите филмови за да ја поттикне јавната свест за посвојувањето животни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Objektiv.rs (@objektiv.rs)

За Харди е вообичаено да го гледаме во засолништата како дава поддршка, посетува спасени кучиња и зборува за проблемот со размножување и напуштање во различни медиуми.

Том знае дека кучињата се како деца, знае дека е неетички да се тргува со животи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @tomhardy.persia

Такви благородни ликови кои не страдаат од суетни статусни симболи среќаваме и меѓу нашите јавни личности. Ова се некои од тие инспиративни приказни:

Кристијан Георгиев
Фото: Кристијан Георгиев / Извор: Приватна архива

Кристијан Георгиев

модел, бизнисмен

Никогаш не сме купиле домашно милениче – и сите што ги носиме од улица (слабите, оние на кои им е најпотребна помош) се каснати, лекувани и чувани кај нас во нашиот дом – немаме срце да ги вратиме на улица. Сите  ги стерилизираме (ова е единствениот начин даги спасиме од страдање во идното живеење бездомници.

Во последните 7-8 години имаме над 10 домашни миленици (мачки, кучиња).

кристијан георгиев
Фото: Приватна архива

Инаку животот и благосостојбата ми се вредни – на (мачки, кучиња) мравките гледам со наведнати очи да не ги згазнам случајно – преку малото врапче до дивите ѕверови – нема лоши и штетни животни – дури и глувонемите не сакам да им наштетам…

Вистина е дека оваа страст и свесност за животинскиот и растителниот свет околу нас бара голема самопожртвуваност и енергија, а пред некое време – но за мене нема друг избор – тоа е во моето срце и така е воспитано од бебе и нашата тригодишна ќерка – со животни, да сакаме тие да се грижат за нив и да немаат страв од ниедно животно.

кристијан георгиев
Фото: Приватна архива

Единствениот фаворит досега што го купивме и плативме е спортскиот коњ на мојата сопруга – кој е купен од Западна Европа со педигре и платен навистина скапо – но тоа е потреба за спорт, а не за престиж…

Го презирам лугетото што работи за статусот на купување расни кучиња и мачки со педигре – и милиони животни на улиците умираат и молат за топол дом.

 

никола ефтимов
Фото: Никола Ефтимов / Извор: Приватна архива

Никола Ефтимов

моден дизајнер

Бездомните животни одсекогаш ми биле слабост, се сеќавам на периодите кога во различни делови од градот ги имав „моите“ кучиња и мачки за кои се грижев.

Пред 11 години го земав Арон, мојот француски булдог. На редовните прошетки тој ме научи да станам почуствителен за несреќните животинки во околината, препуштени сами на себе во борбата за преживување. За кратко време тој се спријатели со со уличните кучиња во моето маало а јас ги запознав подобро и почнав редовно да ги хранам.

Во таа група се наоѓаше и Пламен, куче со ведар дух, интелигенција и ентузијазам во дружбите и милувањата. Го засакав многу овој несреќник кој ги прежвеа труењата, малтретирањата, заловувањата итн.поради грижата на добрите луѓе од сосетството.

никола ефтимов
Фото: Приватна архива

Во ноември 2016 година, по дојава од некои соседи, Пламен, заедно со уште едно куче, беше заловен и однесен во Вардариште. Наводно, бил агресивен, а тој всушност кога грмеше и врнеше од страв се криеше во влезот од зградата. Помислата дека е сам и преплашен и дека најверојатно нема да ги преживее мизерните услови во таа институција ме скрши целосно и решив да го извадам одтаму и да го вдомам.

Инаку станува збор за сениор, според некои луѓе тој има околу 15 и 17 години. Во тие критични моменти, си ветив дека ќе му овозможам спокојна старост и веќе никој нема да се иживува врз него. По извесно време, по сите ноќи преспиени на фотеља покрај него, трпеливо учење на новите рутини, тој разбра што му се случува и почна да живее релаксиран живот. Се препороди, а мене ме направи подобар човек.

никола ефтимов
Фото: Никола Ефтимов и Пламен / Извор: Приватна архива

Арон, за жал, си замина поради тешко заболување. Остана пламен, кој со опашот како егзалтирана лисица и кренати нозе, среќен ме пречекува кога ќе се вратам дома, ме полни со преубава енергија, ми го структуира денот, а преку него живее и споменот на неговото заминато другарче.

 

Арна Шијак
Фото: Арна Шијак / Извор: Приватна Архива

Арна Шијак

актерка

Домашните миленици ни го облагородуваат животот откако паметам за себеси. Исто и на Кален. Кога се роди, веќе имавме две кутриња, Нара и Ризо, но за жал ги загубивме пред девет и три години.

Во меѓувреме, синот најде едно маче цицалче и со Шина го вкусивме животот со маче и куче наеднаш. Ни требаше малку време да се совземеме од загубата, пред да се одважиме и да си ги отвориме срцата за нов член. Се сложивме дека би сакале кутре кое не се продава, кое би се спасило од улицата, кому добро ќе му дојде вдомување и љубов, исто како и нам. Бидејќи кај нас единствена установа која обезбедува вакво вдомување е „Лајка“, токму таму и се обративме.

Процедурата беше неколкукратно посетување на центарот заради меѓусебно запознавање и дружба со кутрињата, и, еден убав, топол мајски ден си дојдовме дома со Кира.

арна кира
Фото: Приватна архива

Првиот ден беше многу збунета, одделена од братчињата и останатите кутриња, во сосем нов амбиент и прилично статична, недоверчива, уплашена и резервирана. Беше малку поголемо „бебе“, од тамошните ветеринари оценета како осум или деветмесечно, со развиени свест и сеќавање. Цело време ја галевме и гушкавме, свесни за размерот на нејзината тага. Кога се разбуди следниот ден, почна трансформацијата од уплашено во спокојно и радосно куче.

арна кира
Фото: Кира / Извор: Приватна архива

Првите прошетки исто така беа период на свикнување. Пред да го запознае маалото, знаеше да се закочи и да не сака да мрдне. Сфативме дека можеби се плаши некаде да не биде однесена и дека ќе ја оставиме. И тоа полека го надминавме и сега ужива во истрчувањето, шетањето и дружбата со други кутриња. Знае дека има свој дом и свои луѓе.

Убаво се согласуваат и со Шина, а ги прифати и останатите мачиња што ги храниме во дворот, и, сè на сè, секојдневието е радосно, ведро и облагородено. Светите отци велат да учиме од нив, а животот крај нив, потврдува и зошто.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Gromnicka (@anuszka0905)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот