Поставени темелите за обнова на планинарскиот дом „Копанки“

Фото: Општина Битола

Со бетонирањето на темелите, продолжија реконструктивните зафати на планинарскиот дом „Копанки“, култното место на Пелистер за голем број генерации битолчани.

Од Битолската локална самоуправа информираат дека ќе се интензивира динамиката на изведба во наредниот период и дека до крајот на годината, објектот ќе стигне до фаза на карабина.

-Се интензивира реконструкцијата на Планинарскиот дом „Копанки“ и со увидот во теренските активности што го направив заедно со раководната структура на Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ и дел од административните работници инженери, констатиравме дека досега се изврши рушење на старата конструкција, се изврши ископ за поставување на темелите, армирање на бетонски столбови и веќе е започнато бетонирање, со поставување на првата бетонска површина-информираше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Тој изрази надеж дека за неколку денови првата фаза ќе биде завршена и многу зависи од временските услови дали со истата динамика ќе продолжи реконструкцијата.

-Ова е место за кое сите битолчани сме длабоко емотивно врзани, но и сите љубители на планината очекуваат овој објект да се заврши. Се надевам и дека временските услови ќе ни бидат во прилог и заедно ќе бидеме сведоци на оформувањето на овој објект-рече градоначалникот Коњановски.

Битолчани очекуваат дека планинарскиот дом по една деценија ќе биде обновен и дека не само битолчани, туку и сите љубители на планината и планинарите ќе можат да ги користат услугите на домот Копанки, за кого битолчани ги врзуваат големи емоции и спомени.

По речиси една деценија од опожарувањето на домот, беше потпишан договор помеѓу Општината Битола и ПСК „Пелистер“, по што се изработи проект за реконструкција на планинарскиот дом „Копанки“.

Општината Битола минатата година во буџетот за реконструкција на планинарскиот дом издвои 3.8 милиони денари, а додека во буџетот од 2023 година за реконструкција на Планинарскиот дом „Копанки“ беа предвидени 2 милиони денари, по што градоначалникот Тони Коњановски во ребалансот предложи зголемување за уште дополнителни 1 милион денари за изградба на домот.

Да потсетиме, пред 10 години, поточно на 28 јануари 2013 година избувна катастрофалниот пожар на „Копанки“.

Иако уште наредниот ден по пожарот, тогашната локална самоуправа, предводена од ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, најави брза обнова на „Копанки“, сепак во неговиот мандат не се случи ништо од тоа.

Наместо реконструкција на домот „Копанки“, во мандатот на ексградоначалничката Наташа Петровска почна судска постапка за докажување на тоа дали легализацијата на домот била законска или не.

Откако на чело на локалната власт дојде сегашниот градоначалник Тони Коњановски, локалната самоуправа ги прекина сите судски постапки и издвои пари за реконструкција на Планинарскиот дом „Копанки“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот