После Аркан: „Никогаш нема да се омажам, а дечковците ги кријам“

Foto: Antonio Ahel

Светлана Цеца Ражнатовиќ откри зошто ги чува деталите од својот љубовен живот подалеку од јавноста, како и тоа дека е сигурна дека по смртта на мажот Жељко Ражнатовиќ Аркан, никогаш повторно нема да се омажи…

„За дечковците не сакам да зборувам со никого, освен со членовите на семејството и најблиските пријатели. Не можам да ги делам тие нешта со јавноста. И да имам дечко, никогаш тоа нема да ви го кажам, бидејќи тоа е моја приватна работа“, истакна таа во едно интервју.

„Ќе се трудам тоа така и да остане. Ако ме фатите со некој, тоа е друго. Можам само да кажам дека никогаш повеќе нема да се омажам“, додаде Цеца.

За време на престојот во Европа на почетокот на деведесетите, додека го прелистувала германското издание на магазинот Плејбој, Цеца ја видела сликата од Аркан. Тогаш според нејзините зборови „го здогледала најубавиот маж на светот“.

Аркан за време на романсата со Цеца се уште бил оженет со Наталија Мартиновиќ, а тоа му бил втор брак. Пејачката после пет месеци го запросила Аркан. Се вериле во 1995 година, а нивната венчавка во медиумите е наречена „свадба на деценијата“. Цеца со него доби две деца, Вељко и Анастасија. Меѓутоа, во јануари 2000 година Аркан беше убиен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот