Сообраќајци / Фото: Архива

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради атлетска трка

Поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка насловена како „Низ улиците на Скопје 2023“, во недела (12 ноември) ќе има посебен режим на сообраќајот по улиците во централното подрачје во Скопје.

-Трката ќе се одвива со траса на движење од „Порта Македонија“, плоштад „Македонија“, ул.„Никола Вапцаров“, па лево по ул.„Димитрие Чуповски“, потоа десно по ул.„11 Октомври“, лево по ул.„Филип Втори Македонски“, повторно лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај „Порта Македонија“ во Скопје, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Од тие причини, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот