Поранешниот претседател на Украина: Путин е воен злосторник и треба да заврши во Хаг

Порошенко/ Фото: Профимедија

Поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко во изјава за порталот Н1 изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е воен злосторник и оти треба да заврши во Хаг.

– Мојата лична порака до Путин е: Внимателно проучете го случајот на (Слободан) Милошевиќ бидејќи ќе седите на истата обвинителна клупа, наведе Порошенко.

Тој додаде и дека Украина има еден одговор за Путин и за руската армија – да ја напуштат Украина.

Порошенко, кој е во Киев, истакна дека на помалку од 10 километри се наоѓа руската армија.

– Мислам дека Хрватите сè уште се сеќаваат како беше да се спие за време на војната и како да се преживее. Јас сум во центарот на Киев, на помалку од 10 километри од мене се руските војници. Вчера и завчера гаѓаа цивилни згради во Киев, а денеска евакуиравме цивили од Буча и Ирпин, Гастомил … Горд сум што само од тие места евакуиравме повеќе од 8.000 граѓани. Овие места се целосно уништени, повеќе не постојат. Тоа е политиката на Русија, да уништи сè што е пред неа, потенцира Порошенко.

Како ќе заврши војната? Американски аналитичар: Ова се двете сценарија, а и двете се опасни

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот