Поранешниот директор на Роскосмос е погоден со шрапнел

марс
Дмитриј Рогозин, Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Поранешниот директор на руската вселенска агенција, Роскосмос , Дмитриј Олегович Рогозин, се здобил со потрес на мозокот и рана од шрапнел над десното рамо, изјави неговиот помошник за новинарите, јавуваат руските медиуми.

“Дмитриј Олегович е ранет. Метален фрагмент со димензии 8 на 6 милиметри навлегол над десната скапула во близина на ‘рбетот. За чудо не удрил во белите дробови. Покрај тоа, Дмитри Олегович има потрес на мозокот. Нема други повреди”, изјавил асистентот.

Поранешниот шеф на Роскосмос бил ранет при гранатирањето на Доњецк во средата вечерта. Поради сложеноста на повредата, локалните лекари не се осмелиле да го оперираат. Тој сега се наоѓа во една од болниците во Ростов, каде што чека да биде пренесен во Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот