Фатос Нано / Фото EPA/ARMANDO BABANI

Поранешниот албански премиер Фатос Нано пред 11 дена доживеал клиничка смрт

Тој моментно е во сериозна состојба со обемно оштетување на мозокот и реагира само на светлина, објавија албанските медиуми.

Поранешниот албански премиер и лидер на Социјалистичката партија, седумдесет и тригодиншниот Фатос Нано, е во критична здравствена состојба.

Веста ја потврди болницата каде што се лекува, од каде наведуваат дека веќе 11 дена е на интензивна нега, објави gazetaexpress.

„Доживеал клиничка смрт (кардио респираторен застој) дома пред 11 дена, а бил вратен во живот од страна на тимот лекари во приватната болница. Тој моментно е во сериозна состојба со обемно оштетување на мозокот и реагира само на светлина“, објавија медиумите.

Фатос Нано (73) подолго време имал проблеми со белите дробови и неколкупати бил хоспитализиран. Претходно бил хоспитализиран поради хроничен респираторен проблем, познат и како ХОББ, хронична опструктивна белодробна болест.

Тој е основач и прв лидер на Социјалистичката партија на Албанија. На чело на партијата беше од 1991 до 2005 година, кога целосно се повлече од политиката.

Премиер бил во три наврати од 24 февруари до јуни 1991, од 24 јули 1997 до 2 октомври 1998 и од 31 јули 2002 до 11 септември 2005 година.

Како премиер е најзаслужен за подобрување на односите со соседните земји, кои беа „замрзнати“ во комунистичкиот период но не беа ништо подобри и во време кога на власт беа демократите.

Нано беше уапсен на 31 јули 1993 година под обвинение за злоупотреба на службената положба во корист на трети лица и осуден на 14 години затвор. Тој остана во затвор до 13 март 1997 година, а потоа, по познатите мартовски немири, кога земјата беше во хаос, тогашниот претседател Сали Бериша донесе одлука за негово помилување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот