Поранешниот адвокат на Трамп мора да плати 148 милиони долари отштета

Рудолф Џулијани / Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE

Судот во Вашингтон пресуди дека Рудолф Џулијани, поранешниот адвокат на Доналд Трамп, мора да плати отштета од 148 милиони долари на две жени кои лажно ги обвини дека се обиделе да ја украдат победата на Трамп на претседателските избори во 2020 година.

Пресудата беше донесена откако судијата Берил Хауел од Федералниот суд во Вашингтон пресуди дека Џулијани ги клевети Руби Фримен и Шеј Мос, а од поротата во граѓанскиот суд беше побарано да одлучи за висината на казната, пишува Њујорк Тајмс.

Жирито на Руби Фримен и Шеј Мос им додели 75 милиони долари за вкупна отштета за клевета. Покрај тоа, Џулијани мора да плати отштета од 16,2 милиони долари на Фримен и 16,9 милиони долари на Мос, како и уште 20 милиони долари на секој од нив за емоционална вознемиреност.

За време на емотивното сведочење, Фримен и Мос рекоа дека нивните животи целосно се промениле по 3 декември 2020 година, кога Џулијани ги обвини за учество во изборна измама во Џорџија, тогаш една од клучните држави за исходот на претседателските избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот