Поранешната уредничка и модна икона на „Вог“ се најде како мета на критиките поради нејзината објава: Мојата намера не беше воопшто расистичка!
Поранешнат ауредничка на француското издание на модниот магазин „Vogue“, 65-годишната стилска икона Карин Роитфелд, сподели фотографија како ја прегрнува манекенката од Јужен Судан. Испод споменатата фотографија Роитфелд напишала како и недостига манекенката и дека таа за неа не е црна жена, туку пријателка. Споменатата објава во меѓувреме ја отстранила од Инстаграм, но не пред познатиот профил „Diet Prada“ да успее да направи скриншотови со огромен број на негативни коментари и да ги сподели.
„Пред убиството на Џорџ Флојд никогаш не си објавувала фотографии со црни жени“, приметил еден од корисниците додека друг ѝ дал до знаење како не е убаво тоа што ја користи „бојата“ на моделот за да се чувствува добро поради своето секојдневие, кежуал расизмот во кој учествува, притоа нарекувајќи ја нејзината објава исклучително навредлива.
„Таа дефинитивно е црна жена, а фактот што мислиш дека е добро да ја избришеш нејзината раса за да дојдеш до заклучок е дел од целиот проблем“, напишал друг корисник на Инстаграм.
Поради бројните негативни коментари, Роитфелд оваа недела одлучи јавно да реагира за сликата, објавувајќи извинување на Инстаграм.
„Сакам искрено да се извинам за моите претходни коментари кои се објавени на оваа друштвена мрежа. Мојата намера беше да изразам љубов и поддршка кон својата драга пријателка, Анок Јаи. Свесна сум дека нанесов дополнителна болка и навреда кон самата заедница која сакав да ја поддржам. Учам од своето искуство и ќе продолжам да ја користам својата платформа и глас за правење заедничка промена. Анок ти си прекрасна, силна и талентирана црна жена и не сакав апсолутно ништо лошо да кажам. Сакав да упатам порака спрема вас и вашите семејства. Ветувам дека и понатака ќе продолжам со фокусот кон тоа да помогнам и направам можности кои ќе ѝ олеснат на црната заедница и ќе дадат глас во нивната борба против систематскиот расизам“.