Поранешната девојка на Диди засекогаш ја напушти Америка откако раперот ѝ плати 20 милиони долари
Пејачката Кеси Вентура (39), поранешна девојка на музичкиот могул Шон Диди Комбс, ги напушти САД и, според нејзината судска изјава, не планира да се врати. Таа информација е откриена во изјавата поднесена како дел од новата тужба против Диди, додека тој отслужува затворска казна, пишува „ЛАДбајбл“.
Препорачано
„Немам намера да се вратам во САД“
Во судската изјава од 1 мај оваа година, Кеси Вентура, родена во Конектикат, навела: „Живеам надвор од САД. Немам намера да се вратам во САД“. Во документите се додава дека Кеси е американска државјанка, но дека во моментот не живее во Калифорнија.
Изјавата е дел од судската постапка покрената со тужбата на Клејтон Хауард, машки ескорт, кој тврди дека Диди и Кеси го ангажирале да учествува во сексуални забави, таканаречени „фрик оф“ (freak off) забави. Хауард наведува дека поради тоа добил сексуално пренослива болест и дека Кеси забременила по нивните средби и подоцна абортила. Тој тврди дека претрпел физичка и психолошка штета.
Потсетување на тужбата и спогодбата
Ова е само последниот во низата настани што го вратија Диди во насловите страници, откако неодамна беше објавена и секс-снимка од него, манекенката Дафне Џој и уште еден маж. Кеси, од друга страна, се држеше подалеку од очите на јавноста откако сведочеше минатата година на судењето на Диди, со кого беше во турбулентна врска 11 години, од 2007 до 2018 година.
Таа во ноември 2023 година поднесе тужба против раперот, тврдејќи дека тој ја тепал, злоставувал и силувал. Само ден подоцна, беше постигната спогодба, при што Диди „остро ги негираше“ сите обвинувања. Кеси потоа во изјава рече дека „одлучила да го реши ова прашање спогодбено под услови врз кои таа има одредена контрола“.
Мултимилионски износи и сведочења на суд
Се верува дека пејачката добила исплата од 20 милиони долари од Диди, како и дополнителни 10 милиони долари од хотелот „Интерконтинентал“ во Лос Анџелес. Таа се спогодила со хотелот поради инцидентот во 2016 година, кога Диди физички ја нападнал во ходник, што било снимено со надзорна камера.
Во текот на подоцнежното судење на Диди, Кеси беше испрашана на суд за милионската спогодба, на што таа одговори дека би сакала да ги врати сите пари за да ја задржи својата „слобода на дејствување и автономија“.
Пресудата и затворската казна на Диди
На судењето Диди се соочи со обвиненија за трговија со луѓе за секс, злосторничко здружување и организирање превоз за проституција. Поротата го ослободи од најсериозните обвиненија за злосторничко здружување, со што избегна доживотна казна затвор, но беше осуден по две точки за организирање превоз за проституција.
Диди беше осуден на 50 месеци во федералниот затвор. Раперот продолжува да тврди дека е невин, а претходно се изјасни за невин по сите точки обвиненијата.
Каде живее сега Кеси, мајка на три деца, е непознато. Во судските документи, таа навела дека би било полесно доколку постапката поврзана со тужбата на Хауард се спроведе во Њујорк, каде што се наоѓаат нејзините адвокати.
Кеси е во брак со Алекс Фајн, со кого има ќерки Френки (6) и Сани (5) и едногодишен син.
Поранешната девојка на Пи Диди, Кеси Вентура ќе сведочи против него


