Пако Алкасер/Barcelona F.C

Поранешен напаѓач на Барселона се пензионираше на 32 години

Шпанскиот напаѓач Пако Алкасер и официјално стави крај на својата фудбалска кариера на 32-годишна возраст. Неговиот последен натпревар како професионалец го одигра на 11 јануари 2025 година, по што повеќе од една година беше без настап.

Во текот на кариерата Алкасер остави значителна трага на клупско ниво одигра вкупно 455 натпревари и постигна 170 голови. Најсилен печат остави во редовите на Валенсија, каде се афирмираше како еден од најопасните напаѓачи во шпанскиот фудбал, а подоцна настапуваше и за Барселона.

Покрај овие клубови, шпанскиот голгетер во кариерата играше и за Хетафе, Борусија Дортмунд, Виљареал, како и за клубовите на Блискиот Исток Шарја и Емирати.

Алкасер остави свој белег и во дресот на репрезентацијата на Шпанија, за која настапи на 19 натпревари и успеа да постигне 12 голови. Со тоа ја заокружи кариерата како еден од напаѓачите кои во одреден период беа важен дел од „црвената фурија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот