Поранешен кошаркар кој играше на пет Европски првенства, сега преживува разнесувајќи гајби

EPA-PHOTO/EPA/FEHIM DEMIR

Кариерата на професионалните спортсти е кратки и многумина не се снаоѓаат на надобар начин по завршување на истата.

Еден од тие врвни спортисти кои не успеаја да ја „искористат“ славата е Самир Лериќ, поранешен репрезентативец на Босна и Херцеговина, чиј дрес го носеше повеќе од една деценија и настапи на пет Европски првенства.

Лериќ настапуваше за Анкара, Босна, Митедојчер, а играше и во Полска, Романија, Словенија, Црна Гора, но по завршување на кариерата не остана во кошарката и никој од кошаркарската федерација на БиХ не му понуди никаква функција.

– Мислев дека ќе останам до крајот на животот во спортот, но во овие времиња ништо не може да се предвиди со сигурност. За жал една врата е затворена и тоа таа во која најдобро се снаоѓав, но се отвори нова. Спортски работник тешко може да си дозволи да не работи полоивина година во време какво што е сега, кога светот е погоден од коронавирусот. Постојано нешто ми ветуваат, но се останува на тие ветувања. Те користат додека сте им потребни, а потоа ви го вртат грбот – изјави Лериќ за БХ Баскет.


Поради тоа, тој е приморан на поинаков начин да си обезбеди храна за себе и семејството и поради тоа работи професија која е нетипична за поранешен спортист: работи во магацин.

„Станува збор за фирма од прехранбената индустрија, а многу се изненадени зашто Лериќ се одлучи за оваа работа со оглед дека поседува големо кошаркарско искуство, но и поради тоа што има диплома за професор по спорт и диплома за спортски тренер“ пишува сараевскиот весник „Oslobođenje“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот