Поради птичји грип усмртени над 50.000 мисирки во Унгарија

Фото: МИА

Во една живинарска фарма во местото Акс, 95 километри западно од Будимпешта, биле усмртени 53.500 птици откако кај некои од нив е утврдено дека се заболени од вирусот Х5Н8.

Унгарските власти уништија десетици илјади мисирки како мерка на претпазливост од појава и ширење на птичји грип.

Во една живинарска фарма во местото Акс, 95 километри западно од Будимпешта, биле усмртени 53.500 птици откако кај некои од нив е утврдено дека се заболени од вирусот Х5Н8, соопшти денеска агенцијата за контрола на храна Небих.

Овој тип на грип сè уште не е пренесен на луѓето, па затоа државата ветеринарна агенција нема издадено наредба за целосна изолација на живината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот