Попладневната дремка штити од срцев удар, и Ајнштајн практикувал да дремне

Заедничко истражување спроведено од медицинските факултети во Атина и во Харвард покажало дека проценетата опасност од смртни исходи од срцевите заболувања е дури 34 отсто помала кај луѓето што спијат попладне.

Овој одмор е особено ефикасен за вработените мажи, особено за пилотите на долгите комерцијални линии. Научниците утврдиле дека само еден час одмор во текот на летот, ја зголемува будноста на пилотот, концентрацијата и вниманието во наредните 10 часа.

Ако дремнат само 26 минути, додека копилотот управува со авионот, општата претпазливост и будност се зголемува за 54 отсто, а професионалната способност за 34 отсто.

Исто така, утврдено е дека „попладневните спијачи“ помалку страдаат од несоница ноќе, а дека нивниот сон во континуитет е подолг за 20 минути. Дека попладневното дремење е многу важно за телото и мозокот, потврдуваат и многубројни светски умови, меѓу кои и Алберт Ајнштајн, кој редовно дремел во својата фотелја со молив в рака.

Тој се будел кога моливот ќе паднел и ќе удрел на подот. На тој начин се спречувал себеси да западне во длабок сон, по кој неговите мисли не би биле целосно бистри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот