Поп Ацев во финишот ја испушти победата на маратонот во Хрватска

Евгениј Поп Ацев, македонскиот репрезентативец во маратонско пливање, денеска оствари одличен успех со освојување на второто место на маратонот кој се одржа во Црквеница, Хрватска.

На петтата трка од светската серија на ФИНА, Поп Ацев не успеа да дојде до триумф иако победникот се одлучуваше во последните 100-тина метри. Како подобар во финишот, од македонскиот пливач се покажа Италијанецот Едоардо Стокино.

И второто место претставува одличен успех за Евгениј Поп Ацев кој за само една недела, на две маратонски трки завршува како второпласиран. Пред маратонот во Хрватска, Поп Ацев го освои второто место и на маратонот во Охрид кој се одржа минатата недела.

Последната трка од светската серија на ФИНА, ќе се одржи идната недела, кога ќе се плива на познатиот маратон во Капри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот