Поп Ацев сепак не пливаше на маратонот „Тоше Проески“

Евгениј Поп Ацев сепак не стигна да се појави на стартот на матаронот „Тоше Проески“ што беше закажан да се одржи денеска во Крушевското Езеро, а е дел од Купот на Македонија во далечинско пливање.

Националната пливачка федерација го најави неговото доаѓање од Британија, каде што живее, за да плива во Крушево, а и тој ни потврди дека доаѓа. Но непредвидена околност го спречи да се најде на летот за Скопје.

За жал имав дефект на автомобилот кога патував од дома до аеродромот и го пропуштив летот за Македонија – ни објасни Поп Ацев.

Ова е прв маратон на Крушевското Езеро, а го носи името на македонската легенда Тоше Проески.

Повеќекратниот светски првак во ултрамаратони Поп Ацев беше најавен од Националната пливачка федерација како посебна атракција за дебито на оваа трка, но, не беше присутен на стартот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот