Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Помошник на Обрадовиќ за првпат ја откри вистината за заминувањето од Партизан

Поранешниот член на стручниот штаб на Жељко Обрадовиќ, Жозе Марија Искјердо, во разговор за шпанските медиуми изнесе тешки обвинувања за атмосферата во Партизан, нагласувајќи дека длабоките внатрешни несогласувања биле пресудни за заминувањето на легендарниот тренер.

Според Искјердо, проблемот не бил во националноста на кошаркарите, туку во нивното незнаење и неразбирање на средината во која дошле. Дел од играчите, како што вели, немале чувство за тежината на дресот на Партизан, ниту за значењето на европската кошарка, Евролигата и авторитетот на Обрадовиќ, што довело до сериозен јаз меѓу тимот и стручниот штаб.

„Не беше важно дали некој е Американец или Европејец. Клучното беше што не знаеја каде се дојдени и што е Партизан, кој е Жељко Обрадовиќ и што значат Белград и Европа. Тоа не беа поединци, туку група играчи на кои не им одговараше начинот на работа и тоа отворено го покажуваа“, истакна Искјердо.

Како момент кој ја „прелил чашата“  тој го посочи поразот од Панатинаикос во Атина, по кој Обрадовиќ донел одлука да стави крај. И покрај обидите на неговите соработници да го убедат да направи реконструкција на тимот и да ја продолжи сезоната, искусниот стратег останал на својот став.

„По начинот на кој загубивме од Панатинаикос, ни кажа дека завршува тука. Ни објасни дека ние имаме договори и треба да продолжиме без него, дури и нè замоли да останеме. Му кажав дека со неговото заминување, тие што не работеа како што треба ќе победат. Му предложив да ги тргне играчите кои правеа проблем и да продолжиме, бидејќи сезоната можеше да се спаси. Тој одби. Денес сум сè поуверен дека тоа беше единствената можна одлука“, заклучи Искјердо.

Партизан и понатаму е без официјален наследник на Обрадовиќ, а екипата во меѓувреме ја предводи еден од неговите помошници, Оцокољиќ.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот