Помагачите на убиецот од Турција, кој ладнокрвно застрела сонародник во Штип, добија по пет години затвор
Турските државјани Рамазан Аџет, Селахадин Арслан и Осман Метихан-Кулдруд, кои беа вмешани во убиството извршено лани во мај во кафуле во центарот на Штип, денеска со првостепена пресуда на штипскиот суд добија по пет години казна затвор.
Препорачано
Убиецот, Кадир Кара, кој ја призна вината, во јануари беше осуден на 17 години затвор за убиството.
Во пресудата пишува дека тие лани во мај му помогнале на обвинетиот убиец Кадир Кара во извршување на ладнокрвното убиство, извршено во кафе-бар на штипскиот плоштад, пред очите на сведоци. Кара ја застрела жртвата, 25-годишен студент, со повеќе куршуми, по што со автомобил во кој го чекале четворицата соучесници, се обиде да бега кон Скопје, но беше фатен во драматична потера и уапсен во близина на главниот град. Осудена е и девојка од Турција, која била во автомобилот – таа доби казна од три месеци затвор, која веќе ја одлежала во притвор и во куќен притвор.
Судијката Јулијана Недкова денеска ја прочита пресудата за четворицата обвинети за помагање во извршувањето на убиството:
„Судот ги осудува обвинетите Рамазан Аџет, Селахатин Арслан, Осман Метихан Кулдур како помагачи за сторено кривично дело убиство на казна затвор од по 5 години. Во изречената казна затвор на обвинетите, сите од Турција им се пресметува и времето поминато во притвор сметано од 5 мај 2025, па се додека притворот трае. Судот им изрекува и казна протерување странец од земјата, кое ќе трае засекогаш, кое започнува од денот на протерување на сторителот од територија на Македонија, а казната ќе се изврши по издржување на изречените казна затвор во траење од по 5 години“.
Сите обвинети, откако ќе ги одлежат казните, ќе бидат трајно протерани од Македонија.
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снимка од крвавиот напад во Штип – пукачот е во бегство


