Полскиот голман Шчесни оствари еден интересен рекорд против Аргентина

Војчех Шчесни му одбрани пенал на Лионел Меси на СП 2022/фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Војчех Шчесни му одбрани пенал на Лионел Меси во поразот на Полска од Аргентина со 2:0 на Светското првенство во Катар.

И покрај поразот, Полјаците завршија на второто место во групата Ц и се пласираа во осминафиналето во кое ќе се соочат со светскиот шампион Франција.

Полскиот репрезентативен голман Шчесни постигна еден интересен рекорд, тој е само третиот голман во историјата кој одбранил два пенали на едно Светско првенство. Претходно одбрани пенал и на натпреварот против Саудиска Арабија.

Останатите двајца се неговиот сонародник Јан Томашевски пред 1974 година и Американецот Бред Фридл во 2002 година.

Од почетокот на Светското првенство во Катар, Војчех Шчесни е голман со најмногу блокирани удари.

ВИДЕО | Меси уште ќе сонува, Полска и покрај поразот продолжува во нокаут-фазата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот