Полски воени авиони пресретнаа руски извидувачки авиони во Балтичкото Море
Полски воени авиони пресретнаа руски извидувачки авион што леташе во близина на полскиот воздушен простор над Балтичкото Море, соопшти полската војска, пренесува Ројтерс.
Препорачано
Источното крило на НАТО, вклучувајќи ја и Полска, е во состојба на зголемена готовност за можни нарушувања на нејзиниот воздушен простор од септември, кога три руски борбени авиони го нарушија естонскиот воздушен простор 12 минути, неколку дена откако повеќе од 20 руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор.
„Утрово, над меѓународните води на Балтичкото Море, полските борбени авиони пресретнаа, визуелно идентификуваа и испратија надвор од нивната зона на одговорност руски извидувачки авион што леташе во близина на границите на полскиот воздушен простор“, се вели во соопштението на полската војска.
Во истото соопштение се вели дека во текот на ноќта биле откриени летачки објекти кои влегле во полскиот воздушен простор од Белорусија.
„По детална анализа, беше утврдено дека најверојатно станува збор за шверцувани балони кои се движеле според насоката и брзината на ветерот. Дел од воздушниот простор над регионот Подласие во североисточна Полска, кој се граничи со Белорусија, беше привремено затворен од безбедносни причини“, сооштија властите.


