Полски европратеник за „приказните“ за гасоводот: Не ни треба уште една руска база во ЕУ

Михал Шчерба, долгогодишен член на полскиот парламент и актуелен европратеник, напиша дека на Европската Унија не ѝ е потребно уште едно руско присуство во ЕУ, алудирајќи на „сомнителното“ наоѓање експлозиви во близина на унгарската граница пред парламентарните избори во таа земја.

„Доколку се потврди дека сегашното раководство на Србија е вмешано во руската предизборна операција во Унгарија, тоа повеќе нема да биде неутрална позиција на таа земја на патот кон членство во ЕУ“, напиша Шчерба на социјалната мрежа X.

„Никому не му е потребна уште една руска база во ЕУ, контролирана од КГБ“, додаде европратеникот.

Српските власти претходно денес објавија дека пронашле експлозивни направи во близина на гасната инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија.

Српската и унгарската опозиција, како и голем број аналитичари и новинари, не веруваат во вистинитоста на тврдењата на српските власти.

 

Лидерот на унгарската опозиција го прозва Орбан – нешто „случајно“ се случи на гасоводот во Србија пред изборите во Унгарија

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот