Полска уапси двајца Белоруси обвинети за шпионирање за Минск

Полско знаме/ фото: МИА

Полска уапси двајца државјани на Белорусија под обвинение за шпионирање за Минск, што може да носи 10-годишна затворска казна доколку бидат прогласени за виновни, соопшти во средата регионалното обвинителство, пренесува Ројтерс.

Тензиите меѓу соседите се високи поради мигрантската криза за која Европската унија и Полска велат дека е создадена од Белорусија, обвинение што Минск го негира. ЕУ исто така го обвинува Минск дека ја поддржува руската инвазија на Украина.

ВИДЕО | Хаос со мигрантите на границата со ЕУ: Белорусија „сака да предизвика инциденти со жртви“

„Осомничените се соочуваат со обвиненија за шпионажа во име на белоруските разузнавачки служби“, се вели во соопштението на регионалното обвинителство во Познан, западна Полска.

„Тие се осомничени, меѓу другото, дека извршиле извидување на воени и цивилни објекти од критично значење за одбраната на Република Полска“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот