Полна кафеана во Гостивар, полицијата го уапсила газдата

Гостивар/Фото: МИА

Тој денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд во Гостивар, извести МВР.

Гостиварската полиција вчера во гостиварското село Добридол го уапсила В.Џ.(57) затоа што при контрола спроведена со Државниот пазарен инспекторат во неговата кафетерија биле затекнати 12 гости.

Од МВР соопштуваат дека тој постапил спротивно на владината одлука и мерките и препораките за заштита од вирусот Ковид-19 и сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, по член 206 од Кривичниот законик.

В.Џ. е задржан во полициска станица Гостивар и во текот на денот со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот