Полицаец тешко повреден откако бил удрен со автомобил

На магистралниот пат Радовиш-Штип, патничко возило „пежо”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.С.(50) од Скопје удрило во полициски службеник С.С.(23) од Пробиштип, кој извршувал работни задачи за контрола и регулирање на сообраќај.

Во незгодата С.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип, во присуство на Јавен обвинител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот