Полицискиот синдикат со критика до министерот Спасовски, создал само уплашени полицајци кои стравуваат од дисциплински постапки 

Претседателот на Синдикатот на полиција во Македонија (СПМ) Орце Коцевски на денешната прес-конференција пред Министерството за внатрешни работи упати остри критики за работењето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, нагласувајќи дека тој и неговите луѓе успеале да создадат само уплашени полицајци кои за 14.500 денари ја наведуваат главата за да не добијат дисциплински постапки.

Осврнувајќи се на плановите за „малски полицаец”, што ги најави Спасовски, Коцевски истакна дека „свесно или несвесно” ја уништил таа служба.

Затоа што не си водел сметка како и на кој начин се обучуваат иднинте полицајци, не те ни интересира дали е функционален постоечкиот капацитет, па ги испраќаш идните полицајци на улица потполно необучени и неописменети за полициска работа, му се обрати претседателот на СПМ на министерот за внатрешни работи, нагласувајќи дека сето тоа не е вина на полицаецот.

Тој истакна дека министерот не води сметка за начинот на кој началниците и командирите ја спроведуваат и организираат работа и оти сите тие се поставени на функциите лично од него.

Службата не функционира не затоа што полицаецот е неспособен, туку затоа што твојот систем, твојата систематизација, твоите началници, немаат ни П од полициска етика, морал и знаење. Секојдневно потфрлувате во основната задача – создавање на професионален полицаец, му се обрати Коцевски на Спасовски.

Тој упати критики дека во МВР наместо поголем број на полицајци, се вработени луѓе од другите сектори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот