Полицијата ја тресе Академијата за судии и јавни обвинители: Се конфискуваат мобилни и досиеја на избрани судии

Одделот за Крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапува по Наредба на Судија на претходна постапка, а по барање на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Академијата на Судии и Јавни обвинители каде се вршат детални претреси, а според информациите на Слободен печат се одземаат електронски податоци од компјутерски системи, мобилни телефони и досиеја од веќе избрани судии и обвинители.

Информациите говорат дека се собираат докази за евентуални злоупотреби на системот за полагање .

Најверојатно станува збор за проверка на индиции за злоупотреби поврзани со полагање испити и тестови.

Акцијата на МВР се уште е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот