Полицијата со официјални информации за тепачката на двајцата директори во Кавадарци

Од СВР Велес со официјална информација по објавениот настан и видеото во медиумите за тепачка на двајца директори на основни училишта во Кавадарци.
„Денеска околу 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги привеле С.П.(54) и Ѓ.Ѓ.(39), двајцата од Кавадарци затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон лица од обезбедувањето. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, изјави Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Инаку родителите на децата велат дека се згрозени од настанот.
„Ние како родители сме згрозени од ваквиот однос во дискотека каде излегуваат нашите деца и бараме да се превземе одговорност и да си поднесат морални оставки. Градоначалникот и градот да превземат мерки за ваквиот недоличен однос од страна на директорите на основните училишта“, порачаа родителите преку локалната фејсбук група „Реално Кавадарци“, каде што беше објавено видео од тепачката.
Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за ,,Фокус” вели дека по информациите добиени од МВР во врска со настанот, во понеделник ќе преземе чекори, односно директорите на училиштата ќе бидат разрешени од функција.