Двајца директори на основни училишта се тепале во ноќен клуб во Кавадарци, го нападнале обезбедувањето

Директори на две основни училишта во Кавадарци синоќа се тепале во ноќен клуб во центарот на градот.

Тие биле приведени во полициската станица поради напад на обезбедувањето, под дејство на алкохол, како и поради нарушување на јавниот ред и мир.

Родителите на децата велат дека се згрозени од настанот.

„Ние како родители сме згрозени од ваквиот однос во дискотека каде излегуваат нашите деца и бараме да се превземе одговорност и да си поднесат морални оставки. Градоначалникот и градот да превземат мерки за ваквиот недоличен однос од страна на директорите на основните училишта“, порачаа родителите преку локалната фејсбук група „Реално Кавадарци“, каде што беше објавено видео од тепачката.

На социјалните мрежи се појави скандалозната снимка од тепачката, но истата за кратко беше избришана.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за ,,Фокус” вели дека по информациите добиени од МВР во врска со настанот, во понеделник ќе преземе чекори, односно директорите на училиштата ќе бидат разрешени од функција.

„Нема толеранција ниту пак оправдување за однесувањето на двете лица, оправдани се сите реакции на граѓаните кои бараат нивно разрешување од функција. Тоа ќе се случи во понеделник“изјави Јанчев.

Станува збор за директорот на ОУ Димката Ангелов – Габерот, Г.Г. и директорот на ОУ Тошо Велков- Пепето, С. П.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот