Полицијата пронајде двајца малолетници кои со чамец се одалечиле од брегот на Охридското езеро

Припадници на полицијата и членови на веслачкиот клуб „Црн Дрим” го пронајдоа чамецот со двајцата малолетници кој неконтролирано се одалечил од брегот на Охридското езеро.

„Денеска (08.08.2023) во 09.35 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро”, од веслачки клуб „Црн Дрим” од Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, на два километри од брегот, наспроти „Женска плажа”, неконтролирано се оддалечува чамец за веслање со двајца малолетници во правец на државната граница со Република Албанија.

Според пријавеното, членови на веслачкиот клуб се доближиле до чамецот, но поради силниот ветер не можеле да го извлечат на брегот. По преземени мерки, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро”, Полициската станица за граничен надзор „Франгово” и членови на веслачкиот клуб го пронашле чамецот на еден километар наспроти хотел „Изгрев” во Струга, по што со службен пловен објект чамецот со малолетниците, кои се во добра здравствена состојба, безбедно се пренесени до брегот на езерото“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот