Поленак: Даравелски може да се спаси од затвор со повторно судење
Судската одлука да се задржи во затворот поранешниот директор на Царинската Управа Драган Даравелски има правна основа, но тој се уште може да се спаси од издржување на целосната казна со барање за повторно судење, објасни неговиот некогашен адвокат Никола Поленак.
Препорачано
– Иако нема застареноста за извршување на изречената казна затвор од седум години, застареноста во однос на кривичното дело, според мои пресметки, веќе настапила, така што неговите сегашни адвокати, доколку ги има, можат да го советуваат да бара повторно судење бидејќи пресудата му е изречена во отсуство и таквото барање би требало да му биде прифатено. Во тој случај, на Обвинителството не му останува ништо друго освен да се откаже од гонењето поради застареноста на делото. А штом тој самиот тргнал наваму, значи дека добро ја проценик ситуацијата – објасни адвокатот Поленак.
Ваквото објаснување од поранешниот бранител на Даравелски уследи откога надлежниот, Основен суд во Куманово соопшти дека не настапила застареност за извршување на изречената казна затвор за Даравелски, по што тој, засега, останува во затворот „Идризово“, но останаа дилемите околу оправданоста на таквата одлука со оглед на калкулациите дека имало застарување за кривичното дело за кое бил осуден.


