Полански ја тужи американската Академија за филмски уметности и науки

фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Француско-полскиот режисер Роман Полански поднесе тужба против Академијата која ги доделува престижните Оскари затоа што бил исклучен од институцијата пред една година во екот на движењето #И Јас (Me Too).

Американската Академија за филмски уметности и науки на 3 мај 2018 година соопшти дека Полански и Била Козби ги исклучува од членството затоа што двајцата беа обвинети за сексуални злоставувања.

Академија тогаш ја образложи својата одлука со тоа дека сака нов кодекс за однесување после избувнувањето на сексуалниот скандал со холивудскиот продуцент Харви Вајнстин.

Адвокатите на Полански изјавија дека режисерот во саботата поднел тужба во која се наведува дека пред одлуката која му била испратена по пошта со назнака дека веднаш стапува во сила, требало да претходи „разумно објаснување” за таква мерка и на режисерот да му се даде шанса да изнесе свој став за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот