Пол позиција за Вињалес на „Ред Бул ринг“

фото: твитер

Возачот на Јамаха, Маверик Вињалес ја освои пол-позицијата пред четвртата трка од годинешниот Мото ГП шампионат, Големата награда на Австрија.

Шпанецот на „Ред Бул ринг“ дојде до првиот триумф во квалификациите, а 21 во кариерата, со најбрз круг од 1:23.450 мин., пред второпласираниот Џек Милер на „Прамак Дукати“.

Зад нив во првиот ред на стартот од неделната трка ќе се најде водечкиот во генералниот пласман, Фабио Квартараро од „Петронас Јамаха“.

Андреа Довициозо за кој во текот на денот беше потврдено дека ќе го напушти „Дукату“ на крајот мораше да се задоволи со четвртата позиција, пред членот на „КТМ“, Пол Еспаргаро и Жоан Мир на „Сузуки“.

Главната трка ќе се вози в недела од 14.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот