Пол Макартни објавува нов албум: Тоа беше создавање музика за себе, а не за некоја цел

Instagram

Легендарниот музичар Пол Макартни на 11 декември годинава ќе го објави новиот соло албум „Макартни 3“, за кој вели дека го снимил спонтано за девет недели додека Велика Британија беше во карантин поради коронавирусот. „Макартни 3“, следува по „Макартни 1“ од 1970 и „Макартни 2“ од 1980 година, на кои исто така сам ги свири сите инструменти.

Секој ден започнував со снимање на инструментот на кој напишав песна и постепено работев нови слоеви, беше забавно. Тоа беше создавање музика за себе, а не за некоја цел. Ги правев работите што ги сакам да ги правам и не знаев дека од тоа ќе излезе албум“, рече поранешниот член на „Битлси“.

Макартни вели дека неговиот оптимизам е инспириран од искуствата на неговите родители за време на нацистичкиот напад врз Ливерпул во Втората светска војна.

Тие го преживеаја бомбардирањето и иако наоколу имало многу мртви, излегле од сето тоа со неверојатен дух. Затоа сакам да си речам, ако можеле тие, можам и јас“, изјави 78-годишниот Макартни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот