Појадок што го чува здравјето на црниот дроб

Црниот дроб е најважниот орган во телото од причина што целиот организам зависи од здравјето на овој дел од телото.

Црниот дроб ги филтрира сите нечистотии од организмот, важно е да внимавате на неговата работа, а доколку оваа каша ја јадете два до три пати неделно, тој ќе функционира и подобро отколку што треба. Лошата работа на црниот дроб се забележува ако сте хронично изморени, здравјето ви е лошо, во устата често чувствувате горчлив или метален вкус, имате жолтеникави дамки на јазикот. Ако постојано се прејадувате или јадете нездрава исхрана, пушењето и пиењето алкохол, земате силни лекови, многу повеќе го оптоварувате црниот дроб и го изложувате на дополнителен напор.

Експертите се согласни дека црниот дроб може да заздрави ако секој ден ја појадувате оваа каша.

Состојки:

1 чаша овесно брашно – овесот ја блокира апсорпцијата на штетните материи, ја забрзува елиминацијата на токсини. Исто така, тој го олеснува и процесот на варење и на телото му обезбедува повеќе енергија.

Тиква исчистена и исечкана на коцки (20 до 30 грама). Тиквата ги обновува клеточните структури на црниот дроб и исто така ги подмладува. Помага и во чистењето на сите други органи во организмот. Јадењето сурова тиква на празен стомак исто така ја подобрува функцијата на желудникот.

Суво грозје (половина дланка) – ја оптимизира функцијата на црниот дроб, помага при обновување на клетките.

Бадеми по желба – го нормализираат црниот дроб.

Подготовка:

Сите состојки ставете ги заедно во тенџере. Додајте малку вода или млеко па оставете ги да зовријат. Може да додадете и малку сол. Кога сето тоа ќе зоврие, тргнете го од шпорет, поклопете го со капак и оставете го малку да отстои.
Препорачливо е од оваа каша да јадете два до трипати неделно. Таа брзо се апсорбира, дава леснотија, енергија и го отстранува непријатниот плак од јазикот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот