Поголем данок за поскапите и за постарите возила

Колку е возилото поскапо, толку и поголем данок ќе плати неговиот купувач. Но и колку е возилото постаро и од пониска класа во однос на стандардите за загадување, исто така ќе има поголем данок. Ова го предвидува нацртот на предлог-законот за моторни возила, што е поставен на увид на јавноста на Националниот регистар на прописи.

Законот треба да стапи во сила од 1 ноември годинава и да има позитивен ефект врз државната каса, но и да го намали загадувањето на воздухот.

Во Проценката на влијанието на регулативата пишува: „Предложените решенија треба да овозможат оданочување на моторните возила така што покрај вредноста на моторните возила, данокот ќе се пресметува и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамови по километар“.

Во овој документ е наведено и дека „предложените одредби може да предизвикаат одредени социјални влијанија што во моментов не може точно да се одредат“.

Според предлагачот на законот, при негово изготвување се земале предвид најдобрите практики од земјите членки на Европската Унија, земјите од регионот како и препораките на странските експерти од областа на оданочувањето на моторните возила.

Досега не постоеше посебен закон за данок на моторни возила. До 1 ноември оданочувањето ќе биде во согласност со постојниот Закон за акцизи. Но, од 1 ноември има нов Закон за акцизи, во кој не се опфатени моторните возила и за нив ќе се донесе посебен закон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот