Погледнете како е најбезбедно да ги намалите килограмите!

Кога ќе тргнете по патот на слабеење, нормално е да поставите одредени цели. Многумина честопати претеруваат и сакаат да ја намалат облеката за два конфекциски броја во рок од неколку месеци, но потребно е да се размислува за многу повеќе фактори, покрај самата диета.

Имено, на слабеењето влијаат здравата исхрана, физичката активност, но и управувањето со стресот и здравиот сон.

Ако целта ви е да ја средите линијата до Нова година, или во рок од три месеци, добро е да знаете што е безбедно, или колку килограми можете да изгубите во тој период, без да му наштетите на организмот.

За губење на тежината да биде одржливо, тоа мора да биде постепено.

„Според Националниот центар за здравје на срце, бели дробови и крв, како и Центрите за контрола и превенција на болести и многу други експерти, лица кои постепено губат тежина, што значи половина килограм до килограм неделно, се поуспешни во одржувањето на резултатите“, вели докторот Стефани Картер.

Од друга страна, ова значи дека е разумно да изгубите шест до 12 килограми во период од три месеци.

„Тоа значи дека треба да имате цел од два до четири килограми месечно“, додава тренерот Дана Еве Болиг.

Може исто така да се случи првично да изгубите тежина побрзо, а потоа да стагнирате што понекогаш ги фрустрира луѓето. Сепак, тоа не е знак дека треба да се откажете.

„Телото првично губи многу вода и затоа има повидлива промена во вагата“, објаснува Картер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот