Поднесено обвинение против педофил кој допирал малолетно девојче во воз

Јавно Обвинителство / Фото: МИА

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за три кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг, од кои едното полово дејствие го извршил пред дете кое наполнило 14 години.

– Патувајќи со воз на 24 јули, 63-годишниот обвинет во еден од вагоните се доближил и започнал да допира малолетно девојче родено 2006 година кое патувало со возот. Тоа вознемирено се преместило на друго седиште, по што обвинетиот продолжил кон друг вагон. Таму седнал спроти други две жртви и започнал да се самозадоволува на јавно место. Оштетените исплашени си ги зеле своите работи, го напуштиле вагонот и го пријавиле. Во возот влегле овластени службени лица, кои го привеле обвинетиот и го однеле во полициска станица, се наведува во соопштението од ЈОРСМ.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот