Поднесени 1.350 апликации за субвенции за инвертери, остануваат средства за уште околу 4.000

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во текот на изминатите 15 дена поднесени се 1.350 апликации за субвенции за инвертери, а остануваат средства за уште околу 4.000 барања, соопштија од Град Скопје

– Според досегашните бројки, следната зима во Скопје би требало да има околу 1.350 домаќинства кои ќе го сменат начинот на греење, или кажано поинаку, ќе имаме околу 1.350 потенцијални загадувачи помалку од претходната грејна сезона. Ова значително ќе го подобри квалитетот на воздухот затоа што директно ќе влијае во борбата против загадениот воздух, се наведува во соопштението,.

Град Скопје, воедно, ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата. На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот