Почнува ПИН музичката конференција и „шоукејс“ на фестивалот „Таксират“

Во рамките на фестивалот „Таксират“ од 24 до 26 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи ПИН – единствената меѓународна музичка конференција и „шоукејс“ во нашата држава.

„Таксират“ и „Пасворд Продакшн“ во рамките на деветтото издание на ПИН се домаќини на повеќе од 250 гости, кои се едни од најрелевантните имиња во музичката индустрија (букери, промотери, новинари, агенти) и на најактуелните музички таленти од Европа, регионот и од кај нас.

Во текот на овие три фестивалски дена, сите посетители ќе имаат шанса да ја проследат дневната панел-програма во „Кино Фросина“, каде ќе се дискутира на топ-теми во индустријата, трендови поврзани со музичката сцена, продукцијата, културата и сите влијанија на неа. Влезот на конференцијата е бесплатен со задолжителна регистрација.

Вечерната концертна програма, која ќе го разигра Скопје со звукот на млади и талентирани артисти, внимателно избрани да донесат разновидни звуци за создавање на добра забава до доцна во ноќта, исто така, ќе може бесплатно да се проследи.

ПИН музичката конференција е организирана со поддршка од Центарот на европската мрежа за размена на музички иновации (HEMI Music Hub), проект кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот