Почна со работа телевизијата на владиката Петар, со филм за Македонци кои бараат жени во Русија

Фото: Вистел / принтскрин

Телевизијата „Вистел“ на митрополитот на МПЦ-ОА Петар, односно Петар Каревски, денеска почна да зрачи во етерот, а меѓу првите содржини пуштени на програмата утринава е документарен филм со Македонци кои отишле во Русија да бараат жени, објави „Макфакс“.

Во документарецот се следат повеќе мажи од Македонија, кои одат во Русија за да бараат невести.

„Не ми се свиѓаат Македонките. На некој начин не се ни домаќинки, воопшто не ми се свиѓаат за живот со нив“, раскажува еден од мажите, кој за себе вели дека живеел во Англија, па се вратил во Македонија.

Во еден дел од документарецот се појавува и самиот владика, во сцена од црква.

На одјавната шпица под „соработници“ е наведена Преспанско-пелагониската епархија, додека под „посебна благодарност“ пишува: „до неговото Високопреосвештенство митрополит Австралиски и Новозеладски г. Петар“. Според шпицата на документарецот, тој бил поддржан од Филмскиот фонд.

Телевизијата „Вистел“ е сопственост на фирмата „Преобразба ДООЕЛ Скопје“, чиј сопственик е Петар Каревски. Владиката пред една недела рече дека јавноста не би требало да ја интересира како се финансира телевизијата, која ќе емитува постојана програма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот