Проектот е базиран на серијалот „Приказни за облеките“

Почна продукцијата на краткометражниот анимиран филм за деца „Лефти и Рајти“

Со поддршка на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија започна продукцијата на краткометражниот анимиран филм за деца „Лефти и Рајти“, нов македонски проект базиран на серијалот „Приказни за облеките“ од авторката Наташа Дукоска.

Филмот е по сценарио на Наташа Дукоска, косценарист е Билјана Црвенковска, во режија на Илија Тодоровски, а во продукција на „зАнимација продукција“ од Скопје.

Во реализацијата на анимацијата учествуваат и етаблирани професионалци од „Светот на Биби“ и „Toon Motion Studios“, што дополнително гарантира висок квалитет на продукцијата и современ пристап во визуелната и наративната обработка.

Ликовите, илустрирани од Хари Дудески, произлегуваат од веќе изграден и препознатлив свет кој три години се развива низ серијалот сликовници.

„Лефти и Рајти“ е дел од поширок креативен концепт кој има за цел да развива домашен бренд за деца преку филм, литература и други културни форми, а воедно претставува значаен чекор кон враќање на домашната продукција на содржини за деца и градење нова генерација публика која ќе расте со приказни од македонски автори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот