Починатите шест пациенти од Ковид-19 биле во крајно тешка клиничка состојба

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Починатите пациенти од коронавирусот Ковид 19 беа во тешка клиничка состојба со нарушување на сите органи, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција за состојбата со вирусот од кој изминатото деноноќие се регистрирани уте шест починати.

-Разговаравме со стручните лица од Клиниката за инфективни болести и болницата и „8 Септември” за починатите од вирусот кои беа во крајно тешка клиничка состојба. Пациентите биле со нарушување на сите органи и параметри кои и со интервенции неможат да се нормализираат. Има уште пациенти кои имаат тешка форма и се во фаза на лекување и се прави се, но за жал има малку реакции од организмот, соопшти Филипче, дополнувајќи дека вкупниот број на починати досега е 71.

Министерот апелираше за почитување на мерките и нагласи дека бројките  на новозаболени се помали од претходните недели и  оти после една недела ќе се види дали  ваквиот тренд ќе продолжи по што ќе се осигура дека нема скриен кластер кој ќе се појави.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека одлуката за зголемеи цени на тестовите е на приватните институции.

-Во однос на тестовите, беше донесена одлука по дискусија на Централниот штаб на Владата дека Фондот треба да ги плати цените во приватните институции толку колку што ги плаќале пациентите и таква одлука беше донесена. И непосредно после тоа прочитав и јас во медиумите, немам никаква ингеренција, ниту сум имал информации и не е точно дека со мое знаење биле зголемени цените бидејќи тоа е одлука на приватните институции. Наша работа беше да заради зголемување на капацитетот да плаќаме колку што плаќале граѓаните и таа цена да им ја понудиме  на приватните лаборатории, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот