Почина Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“: Единствено место на светот каде што можам да се скријам од сите грубости, неправди и глупости е музиката

Instagram

Во 66-та година од животот почина Рајко Дујмиќ, водачот на „Нови фосили“. Дујмиќ по тешката сообраќајна незгода заврши во индуцирана кома. Докторите се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат.

Рајко слетал во провалија длабока 11 метри. Се отвориле воздушните перничиња, но му биле скршени две ребра, а добил и силен удар во главата.

Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“ доживеал тешка сообраќајна незгода, има тешки повреди на главата

Роден е на 7 август 1954 година.

Како член на групата „Нови фосили“ во 1987 година ја напишал песната „Ja sam za ples“ и во Брисел го освоија високото четврто место.

Ја напишал и музиката за песната „Rock Me“, која во 1989 година ја освои публиката во Лозана, а со оваа песна за првпат во историјата на Евровизија Југославија беше победничка на Евросонг.

„Не сум елоквентен, не знам да се умилкувам, не знам да се преправам. Единствено место на светот каде што можам да се скријам од сите грубости, неправди и глупости е музиката“, рече пред една година Дујмиќ во разговор за 24Сата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот