Почина познатата водителка на Би-би-си која го прекина лекувањето на ракот

Фото: Инстаграм

Дебора Џејмс (40), водителка на подкастите на Би-би-си, блогерка и поранешна учителка, почина на 40-годишна возраст по долгогодишна борба со тешка болест.

Веста за смртта на водителката ја објави нејзиното семејство на Инстаграм.

„Со голема тага јавуваме дека почина Дебора Џејмс, најпрекрасната сопруга, ќерка, сестра и мајка“, се наведува во објавата. Дебора починала опкружена со членовите на семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)


Познатата водителка во емотивното обраќање во средината на мај откри дека го прекинала активното лекување за рак на дебелото црево во четвртиот стадиум и дека сега е во хоспис (палијативна нега).

Дебора за текот на својата болест редовно објавуваше на Инстаграм, пишуваше за борбата низ која поминува, а неодамна го помина и најтешкиот период кога за малку ќе умрела во болница. Тоа бил моментот кога Дебора одлучила да го прекине лекувањето и да се врати дома, да ги помине последните денови во топла семејна атмосфера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)

Болеста за првпат ѝ беше дијагностицирана во 2016 година, а во мај со своите следбеници на Инстаграм, искрено призна дека нејзиното „тело едноставно не може да продолжи“, додавајќи дека „никој не знае колку ѝ останало“.

– Не сум во состојба да одам, поголемиот дел од денот спијам, а за работите кои сега ги земав здраво за готово можам само да сонувам. Знам дека направивме сè што можевме, порачала таа тогаш.

Дебора исто така најави дека го основа фондот Bowelbabe и ги покани своите обожаватели да донираат во добротворни организации како што се Cancer Research UK, Bowel Cancer UK и Royal Marsden Cancer Charity.

Со сопругот Себастиен Боуен има две деца, синот Хуго (14) и ќерката Елоиз (12), а нејзиниот најголем страв бил дека нема да ја дочека нивната полнолетност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)


Кон крајот на мај, во нова објава до следбениците, таа откри дека се плаши да заспие во случај тоа да ѝ биде последен пат.

– Не се чувствувам како да умирам. Не планирам да умрам наскоро, но тоа е толку непредвидливо. Се плашам да заспијам и тоа е една од најголемите причини зошто сум толку изморена. Се плашам да одам да спијам – рекла таа за „Сан“.

Водителката Дебора Џејмс се бори со тешка форма на карцином: Овојпат лековите не делуваат

Видео на денот