Почина поранешниот албански претседател Бујар Нишани

Бујар Нишани/ Фото EPA/JUSTIN LANE

На 56- годишна возраст почина поранешниот албански претседател Бујар Нишани, кој  поради постковид компликации беше префрлен на лекување во Германија.
Според извори на весникот Тема, лекарите сугерирале еутаназија, како крајно решение, по што бил исклучен од апарати. Семејството на Нишани отпатувало за Германија за да даде согласност за тоа.
По инфекцијата со Ковид-19 тој беше хоспитализиран во Инфективната клиника во Тирана, но по влошената состојба на 23 април беше префрлен во Германија за поспецијализиран третман.
Нишани е роден на 29 септември 1966, а претседател на Албанија беше во периодот 24 јули 2012 до 24 јули 2017.
Во владите на демократите, чиј премиер беше Сали Бериша, беше министер за правда, како и министер за внатрешни работи.
По завршување на претседателскиот мандат се повлече од политичката сцена, за да се врати кон крајот на минатата година во крилото кое го предводи Бериша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот